Кривична пријава за директорка од Штип

03.03.2014 14:31

Директорката на основното училиште  „Ванчо Прке“- Штип  заработи кривична пријава за „злоупотреба на службената положба“. Пријавената во периодот од декември 2010 до крајот на 2012 година, искористувајќи ја службената позиција ги пречекорила своите овластувања, непочитувајќи ги одредбите од Законот за јавни набавки.

Без прибирање на најмалку три понуди и без објавување на оглас во повеќе наврати извршила јавни набавки, со што на три правни лица од Штип им овозможила да се стекнат со противправна имотна корист од  еден милион  денари. Корист имал  и еден штипјанец, кој нелегално ќарил 162.000 денари.

Наташа Гркова-Петрушевска