Битола доби нов старски дом кој ги задоволува и највисоките европски критериуми

03.03.2014 19:21

По двегодишниот престој во хотел „Битола“ старите лица се враќаат на старата адреса, но во објект што нуди сосема поинакви услови...

Новиот старски дом „Сју Рајдер“ е изграден по највисоки европски стндарди. По двегодишниот престој во хотел „Битола“ старите лица се враќаат на старата адреса, но во објект што нуди сосема поинакви услови.

„Од она што го видов сум изненадена. Немам зборови како да го опишам позитивниот впечаток. Оваа убавина треба да ја чуваме затоа што вакви услови тешко се наоѓаат“, вели Верка Суловска.

„Спрема она што го имавме предходно ова е нешто што не можев ни да си го замислам. Конфорот е голем“, вели Петко Јовановски.

 Со инвестицијата тешка 850.000 евра сместувачкиот капацитет е зголемен за над 60%.

Во двата модернизирани блока ќе можат да се сместат  150 лица. Инаку оваа инвестиција е резултаат на успешна апликација до европските фондови.

Токму доделените 650.000 евра од ИПА фондовите беа главниот услов да се изгради нешто за кое зелено светло ќе даде и Европската комисија.

„Само мал број од собите за за сместовање на три лица останатите се со конфор за престој на две лица. На секој кат има посебна трпезарија, а домот располага и со кадар кој 24 часа ќе ги дава и останатите услуги“, рече градоначалникот Владимир Талевски.

Во едниот блок ќе бидат сместени повиталните лица, а во другиот оние со потешка здравствена состојба, за кој посебна внимание и понатаму ќе посветува и државата.

„Освен блок дотациите Министерството за труд и социјална политика и понатаму ќе издвојува доволно средства за социјалните случаеви и за оние со нарушено здравје. Трошоците ќе бидат покриени“, рече ресорниот министер Диме Соасов.

Министерот Спасов очекува како рзултат на поволностите што ги даде владата набргу да никнат и нови модерни приватни старски домови. Рече дека досега имаат алоицирано окулу 20- тина приватни инвеститори.

 

Стевче Митревски