Стартува петтиот „РобоМак“

04.03.2014 08:49

Денеска на ФЕИТ (Факултетот за електротехника и информациски технологии ), ќе биде отворена петтата меѓународна работилница „РобоМак 2014”

 Околу 70 домашни и 30-ина странски студенти од повеќе од 20 европски држави, годинава ќе учествуваат  на настанот.
„РобоМак“ ќе трае до 9 март, а ден пред затворањето, во Дом на АРМ ќе се одржи финале на кое тимовите-учесници ќе се натпреваруваат со своите креации.
 
- Се работи за интернационален настан посветен на развој на програмирањето и роботиката, на кој студентите ќе програмираат во мешани тимови и ќе се обидат да ги искористат постоечките роботи на најефикасен и креативен начин. РобоМак е меѓународен проект кој веќе  5-ти пат успешно се организира во Македонија и привлекува голема заинтересираност кај студентите од техничките науки, соопшти ФЕИТ. 
 
„РобоМак 2014" е организиран од здружен организациски одбор, од студентските организации ЕЕСТЕК ЛК Скопје, ИЕЕЕ Македонија – Студентскиот парламент на ФЕИТ кои повеќе години успешно функционираат на техничките факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.