Едукативни предавања за рак во Македонски Брод и во Кочани

04.03.2014 12:18

Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден’, во рамките на кампањата за подигање на свеста кај населението од ракот на дојка

Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден’, во рамките на кампањата за подигање на свеста кај населението од ракот на дојка „ РОЗОВ КАРАВАН 2014“, ќе одржи 2 едукативни предавања за рак на дојка: На  4 март во Македонски Брод во 16 и 30 (во општинската сала). Во Кочани  на 6 март во 16 часот(во салата на Советот на општината). Предавањата ќе ги одржат доктори специјалисти онколози, радиолози, гинеколози. Едукацијата е со цел навреме да се открие ракот. Активностите се по повод неделата за борба против ракот.

 

Соња Стојановска