Министерството за здравство потпиша договор со УНФПА
Со договорот се создаваат прдуслови за подобрување на репродуктивното здравје на населението...

Заменик министерот за здравство, м-р Јовица Андовски во Букурешт потпиша договор за соработка за периодот 2014-2015 година со директорката на Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), Доина Болога.
Со договорот се создаваат прдуслови за подобрување на репродуктивното здравје на населението.
Министерството за здравство ќе стави пособен акцент на ранливите категории на граѓани, помош на социјално загрозените семејства и жителите на руралните подрачја, во однос на планирање на семејството и соодветна обука на здравствените работници на сите нивоа на здравствена заштита, со цел подобрување на здравјето на мајките и новородените кај споменатите ранливи категории граѓани.
Соња Стојановска
