Штипски бизнисмен пронајден мртов

04.03.2014 13:49

49-годишниот Горан Даскалов, конфекционер и поранешен член на Советот на општината Штип, е пронајден мртов во неговата викендичка...

49-годишниот Горан Даскалов, конфекционер и поранешен член на Советот на општината Штип, е пронајден мртов во неговата викендичка. Даскалов е најден со прострелна рана. Полицијата телото го предала на обдукција, по што ќе се знае дали се работи за убиство или самоубиство.Покрај Даскалов бил пронајден пиштол.
 
Горан Даскалов беше снабдувач со помошен материјал за текстилните фабрики. Како член на Управниот одбор на Текстилното здружение –Текстилно трговскиот кластер, воспостави врски со кинески компании. Кон крајот на2006-та година, од листата на ВМРО Народна партија го наследи актуелниот штипски градоначалник Илчо Захариев во Советот на општината Штип, кој замина во Бирото за лекови. Подоцна премина во редовите на ВМРО ДПМНЕ и беше советник до2009-та година.
 
До пред една година, Даскалов го раководеше фудбалскиот клуб „Брегалница“. Во„Брегалница“ помина три бурни години следени со јавни обвивинувања,дискредитации и најава за официјално преиспитување на неговото финансиско работење. Поранешниот градоначалник Зоран Алексов изјави дека Даскалов совесно и успешно го водел клубот.
 
Неговите поранешни колеги – советници не веруваат во можната верзија за самоубиство. Го опишуваат Даскалов како амбициозен и енергичен човек, кој неодамна ја прославил својата магистратура.
 
Весна Коловска