Попоски во посета на CERN
04.03.2014 14:30
а време на средбата беа разгледани можности за продлабочување на научна соработка помеѓу македонски научни институции, научници, студенти и CERN, согласно Договорoт помеѓу Република Македонија и CERN потпишан во 2009 год.

Во рамките на својата посета на Женева, каде е учесник на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права, министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари и посета во Европската организација за нуклеарно истражување (CERN), соопштија од Министерството.
Генералниот директор на CERN, г-дин Ролф Дитер Хојер му ја претстави на министерот Попоски мисијата и активностите на Европската организација за нуклеарно истражување. За време на средбата беа разгледани можности за продлабочување на научна соработка помеѓу македонски научни институции, научници, студенти и CERN, согласно Договорoт помеѓу Република Македонија и CERN потпишан во 2009 год.
Исто така, главните научници му го претставија на министерот еден од најголемите научни експерименти во историјата на човештвото, големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider - LHC), преку кој се обидува да се одговори на најсуштествените прашања на физиката.