Започна РобоМак 2014

04.03.2014 14:07

Стотина студенти од дваесет држави во светот, заедно ќе програмираат користејќи ги постоечките роботи на најефикасен начин, за развивање на комуникациските способности кои треба да ги поседуваат како идни инженери...

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска официјално беше отворен 5-от Меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција „РобоМак“. 
 
Стотина студенти од дваесет држави во светот, заедно ќе програмираат користејќи ги постоечките роботи на најефикасен начин, за развивање на комуникациските способности кои треба да ги поседуваат како идни инженери.
 
Тие ќе се натпреваруваат во пет категории: 1. Сумо; 2. Хуманоид; 3.Трка; 4. Роботска рака и 5. Вистинска цел - категорија воведена оваа година. 
 
Работилницата Робомак се одржува на факултетот за информатички технологии, финалето на настанот ќе се одржи во Дом на АРМ во сабота.