„Керозин“ на суд
Во случајот „Керозин“ се товарат 16 лица. Првообвинет е Ангел Пецов, неговата сопруга и синот...

Продолжи судскиoт процес за случајот „Керозин“. Вештите лица главно останаа на вештачењето претходно доставено до судот со мали корекции. Одговараа на прашања и на адвокатите на обвинетите. Главно околу стручни анализи за нафтата, потоа постапката и други детали.
Во случајот „Керозин“ се товарат 16 лица. Првообвинет е Ангел Пецов, неговата сопруга и синот. Се товарат дека направиле измама. Користеле идентични цистерни на кои им биле заменувани табличките, односно оние со нафтата која требала да биде испорачана се заменувале со други, кои имаат помалку нафта од потребното.
Според МВР, „Алма Комерц“ на овој начин успела да заштеди три илјади тони гориво, а со тоа да го оштети буџетот за речиси два и пол милиони евра.
За да го продадат неиспорачаното гориво, „Алма Комерц“ соработувале со фирми од Косово и Бугарија кои им издавале фиктивни фактури за испорака на гориво. Се калкулира со бројка од 160 оштетени јавни институции, меѓу кои Владата, Царинската управа, УЈП, Министерства, општини, Здравствени установи, градинки.
Фиљана Кока