Над 63.000 потписи за кандидатура на Иванов
04.03.2014 18:33
Откако во саботата за нешто повеќе од два часа над 20.000 граѓани се потпишаа на кандидатурата на Иванов, според информаците,само за неколку часа се собрани 63.253 потписи.

„Со огромниот број на потписи и масовноста, граѓаните покажаа дека максимално застануваат зад актуелниот шеф на државата и претседателски кандидат на вмро-дпмне, во претседателската трка за втор мандат. Собраните над 63.000 потписи за неколку часа покажуваат дека Ѓорге Иванов ужива огромна почит од многу граѓани на РМ, додека ВМРО -ДПМНЕ покажа дека практикува отворена, демократска и транспарентна постапка,“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.