Последна седница на овој парламентарен состав
Последно гласање на овој парламентарен состав за предлог законите.

Утре единствената точка на дневен ред е предлог одлуката за распуштање на Парламентот. Ограничување за времетраењето на седницата нема. Координаторите на парламентарното мнозинство со предлог по една дискусија од пратеничките групи пред гласањето. Опозицијата молчи.Спикерот Велјановски утре пред седницата ќе направи уште еден обид за договор. Ова ќе бидат трети по ред предвремени избори. Мандатот на актуелниот состав завршува речиси една година порано.
Статистиката за половата структура вели, соодносот е еден спрема два или 81пратеник и 42 пратенички. На ова ги обврзува законската регулатива. Секое трето место на кандидатската листа мора да е жена. Во однос на возраста најбројни од средното доба или 46 се меѓу 40-49 години а 37 меѓу 50 -59 години.
Според профилот на образованието правниците се најбројни. По нив економистите, па лекарите, информатичарите, инженерите, психолозите или архитектите помалубројни.
Со високо образование се 87, Магистри се 19, двајца доктори на науки ,11 специјалисти. Без високо образование тројца и еден со вишо.
На 65 пратеници ова им бил прв мандат. Втор мандат за 25 и трет за 20 пратеници. Рекордер со седум мандати е Тито Петковски.
62 гласа се потребни за самораспуштање на собранието. На 27 април одлуката е повторно во рацете на гласачите. Тие ќе го направат изборот за новиот парламентарен состав.
Виолета Димовска