Тешка сообраќајка во близина на МРТ
04.03.2014 22:17
Се уште не се познати причините за сообраќајната несреќа...

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Македонската радио телевизија едно лице е повредено и префрлено во Ургентниот центар.
Станува збор за судар на две возила со скопски регистарски таблички, „Рено Меган“ и „Лада нива“, при што, поради превртувањето на Ладата со повреда се здобил совозачот од ова возило.
Се уште не се познати причините за сообраќајната несреќа.
Фото: Телеграф