Регионален проект за Промовирање на родово одговорни политики во ЈИЕ во општина Ѓорче Петров

05.03.2014 12:28

Општината Ѓорче Петров почна нова фаза од проектот на „UN Woman- Промовирање на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“

Општината Ѓорче Петров  почна нова фаза од проектот на „UN Woman- Промовирање на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ во времетраење од три години кој ќе се имплементира благодарение на  поддршката од Австриската Развојна Агенција и Швајцарската Агенција за Развој и Соработка. Новата фаза од проектот ќе има за цел јакнење на механизмите на централно ниво,  унапредување на родовата еднквост и буџетирање на локално ниво.

На состанокот остварен во општината  беше дискутирано за досегашните активности околу проектот , успесите и предизвиците во изминатиот период, но и за активностите кои ќе следат во рамки на проектот во наредниот период. Од присутната делегација беше промовиран успехот и добрите пракси на општинската администрација во воспоставување на дијалог со граѓаните , посебно со најранливите категории .