Грипот зеде уште една жртва

05.03.2014 15:42

Денеска починала 81-годишна пациентка од Неготино...

Од Клиниката за инфективни болести информираат дека денеска починала 81-годишна пациентка од Неготино, кај која е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца A/H3.  
 
Пациентката 9 дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка бронхопневмонија и со претходни хронични заболувања, како што се акутна бубрежна инсуфициенција и срцева слабост. И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала.
 
На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 98 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои 6 лица се лекуваат на одделението за интензивна нега.
 
Ова 11 жртва на грипот за неколку месеци. 
 
Соња Стојановска