Со гасификацијата, „Клинички“ заштедува и помалку загадува

05.03.2014 16:36

Греењето со гас, го зголеми буџетот на клинички центар за 140 илјади евра месечно, пари што клиниките ги трошеа изминативе децении за да се загреат со мазут. Ако се споредат сметките за греење во февруари годинава со оние од минатата година, заштедата е забележителна.

„Во февруари минатата година биле потрошени пет илјади евра повеќе на клиниката за онкологија и радиологија за затоплување во однос на оваа година, откако е воведена гасификацијата“, изјави  Никола Тодоров- министер за здравство.

Се децении, центарот каде што се лекуваат луѓето во исто време беше и загадувач на воздухот. Со гасификацијата се создадоа услови  за поздрава животна средина.

Само до пред неколку месеци со греењето на мазут од клиничкиот центар на годишно ниво се испуштаа 100 тони сулфур диоксид во воздухот и клинички беше еден од најголемите загадувачи во централното градско подрачје.

Предвидено е дел од гасоводната мрежа да бидат и градската болница 8ми септември, пет центарот и поликлиниката букурешт..гасификацијата на градската  болницата 8ми септември се очекува да биде во јуни годинава.          

Андријана Атанасовска