Повисоки пензии за 600 денари од овој месец
05.03.2014 17:45
Просечното зголемување е за пет насто. Најголем бенефит, покачување од 10 насто има кај минималната пензија, најмал од 1,7 проценти кај највисоките пензии од 35 илјади денари...

Почна исплатата на пензиите линеарно зголемени за 600 денари. Повисоки примања за сите 270 илјади пензионери. Просечното зголемување е за пет насто. Најголем бенефит, покачување од 10 насто има кај минималната пензија, најмал од 1,7 проценти кај највисоките пензии од 35 илјади денари. Примателите на осум илјади денари на сметка ке добијат за 7,6 проценти повеќе, а оние со 10- тина илјади- шест насто.
„Тоа ке значи секој ќе добие сто евра годишно што не е за потценување, секаде се намалуваат пензиите, само кај нас се зголемуваат“, вели Драги Аргировски претседател на здружението на пензионери на Република Македонија.
За осум години просечната пензија се зголемила за 62 проценти . Според податоците до Министерството за труд и социјала, во 2006 тата изнесувала седу илјади 683, а годинава достигнала 12 илјади 445 денари. Минималните месечни примања на пензионерите се покачени за 76 насто, од 4.330 на 7.620. Оние со максимална пензија инкасирале за триесетина проценти повеке. Зголемувањето на пензиите се покрива со пари од државната каса.
Милијарда и 800 милиони денари од буџетската каса се одделени за покачување на пензиите во 2014-та година.
За разлика од многу земји во Европа кои под притисок на кризата ги намалија платите пензиите и социјалната помош, во Македонија највозрасната категорија ке го подобри животниот стандард и потршувачката на граганите што би било знак дека економиајта е на добар пат - велат аналитичарите.
„Шестотини денари по пензионер не е навидум голема, но милијарда и шестотини милиони денари е голема сума пари која може да се влее во процес на потрошувачка на стоки за широка употреба што ќе предизвика вкупна зголемена побарувачка и ќе се манифестира во зголемено производство“, вели професорот Томе Неновски.
Според Владата, покачувањето на пензиите за 600- тини денари во следните десет месеци ќе влезе во основицата доколку има можности за дополнително зголемување на месечните примања на пензионерите.
Сузана Фиданска- Стоевска
