Вељаноски денеска ќе ги распише предвремените парламентарни избори

06.03.2014 09:15

Предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 27-ми април, истовремено со вториот круг од изборите за претседател на Република Мкаедонија...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска во 12 часот, ќе потпише Решение за распишување предвремени парламентарни избори.

Предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 27-ми април, истовремено со вториот круг од изборите за претседател на Република Мкаедонија.

Собранието вчера со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот пратенички состав.

Иницијатива за предвремени избори во Парламенот во саботата поднесе пратеничката група ДУИ, која истиот ден беше прифатена и од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.