„Нашиот глас, наша иднина“ - кампања на ОМД

06.03.2014 09:58

Гласањето ќе биде спроведено во сите дипломатско-конзуларни претставништва во светот на 12 април 2014 година за претседателските избори и на 27 април 2014 година за предвремените парламентарни избори...

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја објави својата нова иницијатива „Ајде гласајте“ со цел да ја мобилизира македонската дијаспора во светот да гласа на престојните избори во април. "Нашиот глас, наша иднина" - е мотото на последната кампања на ОМД за подигање на свеста на македонските граѓани кои живеат надвор од матицата.

Според Уставот, Македонците надвор од својата земја може да добијат државјанство и од 2011 година имаат право да гласаат на претседателските и парламентарните избори.

Гласањето ќе биде спроведено во сите дипломатско-конзуларни претставништва во светот на 12 април 2014 година за претседателските избори и на 27 април 2014 година за предвремените парламентарни избори.

ОМД ја повика македонската влада и политичките партии да се договорат за електронско гласање, посебно за оние македонски граѓани кои не живеат во близина на македонските дипломатски мисии.