Старите навики посилни од новиот Закон за јавни набавки

30.12.2019 13:08

Конкуренцијата била влошена во однос на претходните две години, а исто така бил намален просечниот број на понуди, додека кај 35% од тендерите била добиена само по една понуда.

Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки, а „најниската цена“ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите месеци од примената на законот, констатира Невладиниот центар за граѓански комуникации во извештајот за мониторингот на јавните набавки во првото полугодие од 2019-та.

Конкуренцијата била влошена во однос на претходните две години, а исто така бил намален просечниот број на понуди, додека кај 35% од тендерите била добиена само по една понуда.

Во извештајот се нагласува дека секој четврти тендер бил целосно или делумно поништен, а во првото полугодие преку нетранспарентна постапка со преговарање без објавување оглас биле склучени договори вредни 9,6 милиони евра, што е сепак за 11% помалку од истиот период лани.