АПМ бара од ДИК малите партии да тераат кампања и во изборен молк

06.03.2014 12:36

Позитивците денеска ја повикаа Државната изборна комисија да го разгледа нивното барање, со што како што велат ќе се создаде клима за демократски изборен циклус...

Да не важи изборниот молк за помалите партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори, побараа од Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) на Љупчо Зиков.
 
Позитивците денеска ја повикаа Државната изборна комисија да го разгледа нивното барање, со што како што велат ќе се создаде клима за демократски изборен циклус.
 
„АПМ упатува барање до ДИК да и овозможи, неа и на останатите партии кои немаат свој претседателски кандидат да продолжат со кампањата и во текот на законски предвидениот изборен молк пред првиот круг претседателски избори, со што би се гарантирало законското право на непрекината кампања во траење од 20 дена“, рече Игор Камбовски од АПМ.
 
АПМ смета дека овој изборен преседан, ова преклопување на кампањите и евентуалниот прекин на кампањата ги става во неповолна и нерамноправна положба оние политички субјекти кои учествуваат само на парламентарните избори.