Ќе се легализираат чамците

06.03.2014 13:45

Ова е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за внатрешна пловидба што беа усвоени од страна на Собранието на Република Македонија...

Сопствениците на 200 пловни објекти кои немаат доказ за сопственост ќе може да ги легализираат до 3-ти септември годинава. Утврдувањето на сопственичката состојба почнува со поднесување документација до надлежниот суд. Во регистарот на Република Македонија има илјада и 200 пловила, а технички исправни кои се во возна состојба се од 400 до 500.

„Станува збор за стари пловни објекти кои долго време се користат, но не биле регистрирани. Со пропишаните законски мерки конечно ќе се овозможи нивно регистрирање што ќе придонесе кон дополнително зголемување на безбедноста во внатрешната пловидба“, истакна денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. 

Ова е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за внатрешна пловидба што беа усвоени од страна на Собранието на Република Македонија.