Груевски на конгрес на Европската народна партија во Даблин

06.03.2014 14:01

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска и утре  учествува на 22-от конгрес на Европската народна партија (ЕПП), кој ќе се одржи во главниот град на Ирска, Даблин, јави МИА.

Во делегацијата со Премиерот  се и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протоѓер, Влатко Ѓорчев и Никола Попоски, кој е и актуелен шеф на македонската дипломатија.

Конгресот претставува подготовка и е вовед во изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат од 22 до 25 мај,  година . На конгресот на Европската народна партија ќе се избере и нејзин кандидат за претседател  на Европската комисија.

На денешната пленарна сесија на Конкресот има повеќе точки на дневниот ред меѓу кои и  избор на претседател на ЕПП, дискусија и гласање за Акциската програма 2014-2019 по што ќе следи гласање за повеќе резолуции и декларации.

За попладнево предвидени се обраќања пред присутните на повеќе шефови на држави и влади, меѓу кои и на премиерот Груевски, кој како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја претставува Македонија. На настанот се очекува да присуствуваат повеќе од 2.000 учесници,. Меѓу присутните на Конгресот во Даблин се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, полскиот премиер Доналд Туск, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, како и актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.