Најниската цена како критериум за најповолна понуда за фирмите е најчест проблем
Дури 48 проценти од анкетираните фирми го делат мислењето дека секогаш или често има корупција во јавните набавки. Како најчест проблем, три четвртини од нив, ја наведуваат најниската цена како критериум за добивање на набавката...

Дури 48 проценти од анкетираните фирми го делат мислењето дека секогаш или често има корупција во јавните набавки. Како најчест проблем, три четвртини од нив, ја наведуваат најниската цена како критериум за добивање на набавката, и тоа кај 97 насто од тендерите - стои во мониторингот што го прави Центарот за граѓански комуникации.
Во периодот јули- декември лани, во повеќе од четвртина од мониторираните јавни тендери било евидентирано непочитување на законската обврска за известување во однос на спроведените постапки.
Електронската аукција била применета во 94% случаи, што не е во согласност со актуелните европски трендови, ниту со барањата на бизнис-заедницата.
Од Центарот за граѓански комуникации велат дека, лани во директни преговори и без оглас, биле склучени 368 договори во вредност од 40 милиони евра, повеќе за петтина од претходната година.
Бизнис-заедницата приговара и на просечниот рок од седум месеци на плаќање за извршените набавки.