Јавен повик за избор на песна за Евровизија 2021

20.01.2021 13:00

Македонската Радио Телевизија објави отворен повик до автори и музички продуценти од земјава и странство за избор на оригинална, необјавена, современа, авторска композиција, којашто ќе биде изведена на Изборот за Песна на Евровизија, 2021 во Ротердам, Холандија.  

Со цел квалитетно и достоинствено претставување на МРТ и Северна Македонија на најпрестижното музичко натпреварување во Европа, Избор за Песна на Евровизија, Македонската Радио Телевизија како носител на лиценцата, ги повикува сите еминенти, но и млади автори да ги испратат своите креативни музички дела и на тој начин да ја зголемат конкуренцијата во селекцијата на песната, којашто Васил Гарванлиев, како македонски претставник, ќе ја изведе на 65-тото издание на Изборот за Песна на Евровизија 202, во Ротердам, Холандија.

Демо снимката со максимално времетраење до 3 минути, според евровизиските пропозициите треба да е квалитетно изработена, со разбирлива вокална линија и хармонија.

Демо снимката може да се испрати на следната е-маил адреса: [email protected]

Отворениот повик  трае до 27.01.2021 година.

 

Скопје, 20.01.2021