Демант од РКМ ДООЕЛ за наводите во серијалот „Редакција“
РКМ ДООЕЛ негира дека како увозник на нафтени деривати Мазут М1 направила штета на животната средина или на купувачите. Демантот го пренесуваме во целост...
Врз основа на инволвирањето на нашата фирма, поврзана со шпекулации и невистини кон крајот на емисијата сакаме да негираме дека како увозник на нафтени деривати Мазут М1 сме направиле штета на животната средина или на нашите купувачи.
РКМ ДООЕЛ Скопје е акредитирана компанија чија основна цел е енергетска ефикасност, заштита на животната средина и максимален придонес кон индустриските капацитети кои се економскиот столб на нашата држава.
Ние работиме исклучиво со капацитети во приватна сопственост.
РКМ ДООЕЛ Скопје е старт ап компанија која е на удар во изминатиот период од 2 години од компанија која финансира медиуми и сака да го спречи нашиот развој на пазарот.
РКМ ДООЕЛ Скопје била предмет на многу контроли од страна на Царинската управа, како и пазарната инспекција и секогаш се почитувале позитивните законски прописи во земјата.
Ја охрабруваме Владата и институциите да ги проверат сите невистини и шпекулации.