Македонија

Пет судови ќе бидат опфатени во првата фаза на дигитализација на судството

07.09.2021 13:04

Во првата фаза на дигитализацијата во судството ќе бидат опфатени пет суда. Трансформацијата не е само пожелна, туку и апсолутно неопходна за ефикасен и функционален јавен сектор, вели Маричиќ. Според најавите, стартува во втората половина на септември, прво за физички лица...

Граѓаните ќе имаат можност по електронски пат да аплицираат и да ги добиваат електронските уверенија и потврди од казнената и прекршочната евиденција. Се работи и на интероперабилниот план за непречена двонасочна комуникација помеѓу судовите и другите институции. Ќе има и мобилна апликација преку која сите странки во судските предмети ќе имаат пристап до системот, до одредено заштитно ниво. А, се работи и на креирање и усогласување на нашето законодавство со потребите на процесот на дигитализација за овозможување на хибридни, онлајн судења.

Во првата фаза на дигитализацијата ќе бидат опфатени пет судови. Се очекува да ќе бидат поефикасни и подостапни, сметаат од Институтот за европска политика.

Дигиталната трансформација не е само пожелна, туку и апсолутно неопходна за ефикасен и функционален јавен сектор, смета министерот за правда Маричиќ. Се очекува зголемување на транспарентноста и отвореноста на судовите, зголемување на нивната ефикасност и полесен и поедноставен пристап до правдата и до услугите.

Со ОБСЕ се работи на изготвување функционална платформа на која ќе бидат објавувани податоци за работата на судовите- распределбата на предмети, завршени случаи, времетраењето на постапките и одложувањата.

Ана Јосифоска Тодоровска