Игран филм

ДОКАЗ ЗА ЖИВОТ

Петок, 23:05

„Доказ за живот“ е работен како класичен акциски филм со добар заплет, во кој играат извонредните Расел Кроу и Мег Рајан. Двете привлечни ѕвезди и меѓусебниот емотивен однос кој го имаат, му даваат на филмот романтична димензија.
Американскиот инженер Питер Боумен кој работи во Јужна Америка, го киднапираат група герилци и за негов откуп бараат 3 милиони долари. Неговата сопруга Елис бара помош од шефот на Питер и од осигурителната компанија, но сите ја одбиваат. Меѓутоа, таа не се откажува од потрага и решава сама да тргне во акција за да го спаси сопругот. Ова е тежок потфат и таа не може да продолжи без нечија помош. Елис го ангажира Тери Торн, експерт за киднапирања и откупи кој има 9 годишно искуство во слични акции. Тој сега ѝ претставува единствена надеж за да го спаси Питер и заедно тргнуваат во акција.
Производство: 1999