ЕУ- Западен Балкан

Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен дека има решение за Северна Македонија

23.06.2022 11:21

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

„Ние тука дојдовме како пријатели. Верувам во европската иднина на Србија и на регионот. Но, заедно со нашите пријатели од регионот ќе се бориме за таа европска иднина и верувам дека заеднички можеме многу да направиме“, изјави Вучиќ..

За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека Северна Македонија за Србија е братска и пријателска земја.

„Македонија, Северна Македонија за нас е братска и пријателска земја. Се што се чувствува во Скопје, го чувствуваме и ние во Белград. Ние ништо не бараме ниту очекуваме, само сакам да ги забрзаме нашите пријателски и братски односи и верувам дека и на европскиот пат и на сите останатите патишта, ќе бидеме заедно“, рече Вучиќ.