ЕУ- Западен Балкан

Рама: Срамота е што една земја членка на НАТО „киднапира“ две земји сојузнички

23.06.2022 11:36

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска по пристигнувањето на Самитот на ЕУ изјави дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, „киднапирала“ две други членки, Северна Македонија и Албанија, на нивниот европски пат...

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска по пристигнувањето на Самитот на ЕУ изјави дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, „киднапирала“ две други членки, Северна Македонија и Албанија, на нивниот европски пат

„Најпрво срамота е што една земја членка на НАТО – Бугарија киднапираше две држави членки на НАТО, Албанија и северна Македонија среде војна во Европа, додека 26 земји членки седат импотентно. Она што треба да направиме е да продолжиме да ја градиме Европа дома. Отворен Балкан е вистински одговор во ситуацијава, додека европскиот пат ќе продолжи оти нема друга алтернатива, но европскиот дух мора да се гради во нашиот регион за да не заостане“, изјави Еди Рама.

Тој истакна дека Албанија не се чувствува како жртва на овој процес, бидејќи како што нагласи, секогаш ќе има по некоја Бугарија „овде или онде“ што може да блокира.