Одбрана

Петровска – Битиќи: со НАТО акцелераторот за одбранбени иновации до повисок технолошки развој на Северна Македонија

07.07.2022 12:02

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството имаше работна средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на која главниот фокус беше ставен на подготовките за воспоставување на национална структура поврзана со НАТО Акцелераторот за одбранбени иновации наречен ДИАНА, со што ќе се овозможи посилен и побрз развој на нови и напредни технологии на полето на одбраната...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството имаше работна средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на која главниот фокус беше ставен на подготовките за воспоставување на национална структура поврзана со НАТО Акцелераторот за одбранбени иновации наречен ДИАНА, со што ќе се овозможи посилен и побрз развој на нови и напредни технологии на полето на одбраната.

ДИАНА всушност претставува акцелератор за воведување на нови и напредни технологии на полињата каде што се детектирани предизвици, а крајната цел е Алијансата и земјите – членки да бидат технолошки напредни и да имаат високо ниво на технолошки развој за да можат да ги пресретнат сите нови безбедносни предизвици.

На работната средба на која беше презентиран Предлог-концептот за формирање на национална структура во оваа област, министерката Петровска посочи дека Алијансата отсекогаш била посветена на развојот на новите и најнапредни технологии и дека Северна Македонија преку оваа значајна иницијатива ќе има можност да организира и развива научно – истражувачка работа од која корист ќе има и државата и сите останати сојузници.

Министерството, кое согласно законските надлежности е и носител на активностите, го изработи предлог-концептот, а и до крајот на годинава ќе назначи свој член во Одборот на директори на акцелераторот за одбранбени иновации ДИАНА.