Струмица

Притвор за осомничените за убиството на 22 годишното момче

07.07.2022 12:23

Судија на претходна постапка од струмичкиот Основен суд го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени за убиството на 22-годишникот, им определи притвор од 30 дена...

Судија на претходна постапка од струмичкиот Основен суд го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени за убиството на 22-годишникот, им определи притвор од 30 дена. двајца мажи и една жена, постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело-убиство, казниво според кривичниот законик.

Завчера попладне, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот на тројца други оштетени, информираа од обвинителството.