Ковид-19

Нови 355 случаи на Ковид-19, двајца починати

07.07.2022 12:56

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи на Ковид-19: Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции.

Регистрирани се 145 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022.

Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474