Жените погодени од конфликтот во 2001-ва успешно се вклучија на пазарот на труд

06.05.2014 14:14

Во проектот беа вклучени жени од општините Теарце, Јегуновце, Желино, Липково, Чаир, Сарај и Маврово и Ростуше...

Жените од подрачјата погодени од конфликтот во 2001-та кои се уште се невработени посетуваат курсеви од различни области за побрзо вклучување на пазарот на трудот.

„Над 20 од нив и останаа да работат во овие претпријатија или пак оние што учестуваа на курсевите со дипломата и со стекнатото знаење, теоретско и практично, успеаа исто така да се вработат. Овој проект пред се е значаен поради тоа што ги охрабри жените да пристапат на пазаорт на труд да ги испробаат своите можности и шанси, да видат што можат да направат“, велат од Македонскиот центар за меѓународна соработка, кој денеска ги презентираше резултатите од 18- месечниот проект „Оспособување на жените погодени од конфликтот“.

Во проектот беа вклучени жени од општините Теарце, Јегуновце, Желино, Липково, Чаир, Сарај и Маврово и Ростуше, а истиот беше можност за над 250 жени да ги подобрат можностите за вработување.