Игран филм

ЗБОГУМ, КРАЛИЦЕ МОЈА

Вторник, 21:00

„Збогум, кралице моја“ го означува враќањето на признаениот режисер Беноа Жакот и одлично ги прикажува страста, сплетките, раскошот и на крај, хаосот кој настанува на дворот на Марија Антоанета(Дајан Кругер) последните денови пред избувнувањето на Француската револуција. Филмот е снимен според бестселерот на Шантал Томас, и се фокусира на врската меѓу кралицата и една нејзината дворска дама.