Документарна серија

ОСУМДЕСЕТТИТЕ

Четврток, 17:45

Американската серија „80-тите“ е дел од документариот серијал „Децениите“, продуциран од Том Хенкс, Гери Гецман и Марк Херцог. Серија изобилува со фасцинантен збир на архивски снимки од настани и интервјуа со личности кои ја доловуваат декадата која имала големо влијание врз Америка: Студената војна, мистериозниот вирус кој може да предизвика глобална пандемија, Роналд Реган и Стив Џобс, феноменот на Династија и Далас, музиката на Мадона и Мајкл Џексон,  новата технологија и брокерите од Вол Стрит обожувани како рок ѕвезди. Некои декади се поголеми од другите. Такви се осумдесеттите.