Најдобриот светски тенисер Јаник Синер го победи Карлос Алкараз (4-6, 6-4, 6-4, 6-4) во машкото финале на Вимблдон. Ова е прва победа на Вимблдон за 23-годишниот Италијанец.
Спорт
-
Тенис 14.07.2025 10:33
-
Фудбал 14.07.2025 10:17
Челзи стана светски шампион со убедлива победа против ПСЖ
Челзи стана светски шампион откако го победи ПСЖ со убедливи 3:0 во финалето на Клупското светско првенство, во меч во кој „сините“ блеснаа со доминантна игра.
-
Фудбал 11.07.2025 11:08
Македонската репрезентација со пет места подобар пласман на ФИФА ранг листата
Македонската репрезентација е на 62-та позиција на јулската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), што е за пет места подобар пласман од претходната листа, објавена во април.
-
Ракомет 09.07.2025 11:10
Македонските ракометарки со мечот со Унгарија го почнуваат настапот на ЕП
Континентално првенство за ракометарки до 19 години ќе се соберат во Подгорица од денеска до 20 јули, за да се натпреваруваат за титулата на Европското првенство (ЕП).
-
Кошарка 08.07.2025 11:39
Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Еуробаскет 2025
Селекторот на словенечката кошаркарска репрезентација Александар Секулиќ го соопшти списокот од 19 играчи, за подготовките за претстојното Европско првенство 2025. Предводник на репрезентацијата ќе биде НБА ѕвездата во словенечкиот тим Лука Доничиќ.
-
Тенис 08.07.2025 09:29
Андреева стана најмладата тенисерка која стигнала до четврт-финале на Вимблдон
Мира Андреева вчера одигра одличен меч на Вимблдон, покажувајќи ги своите вештини и тениска умешност пред еден од нејзините идоли во публиката – Рожер Федерер.
-
Фудбал 04.07.2025 10:49
Вардар ги пушти во продажба влезниците за мечот со Ла Фиорита
ФК Вардар по неколкугодишна пауза се враќа на европската сцена и на 10 јули ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига против Ла Фиорита од Сан Марино.
Дуелот ќе се игра на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје со почеток од 20 часот.
-
Ракомет 04.07.2025 10:42
Делегација на РФМ во посета на ИХФ во Базел
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски, беа во посета на ИХФ во Базел.
Во седиштето на светската куќа на ракометот, Стефанов и Тасевски остварија средба со првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа.
-
Кошарка 03.07.2025 10:33
Деандре Ајтон потпиша со ЛА Лејкерс
Центарот Деандре Ајтон ќе ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Лејкерс, објави ЕСПН. Тој ќе потпише двегодишен договор вреден 34 милиони долари.
-
Ракомет 03.07.2025 10:30
Манасков и следната сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со поранешниот репрезентативец Дејан Манасков за уште една сезона.