Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на улицата „Прохор Пчински“ во населеното место Чифлик, во општина Чешиново-Облешево.
-
Македонија 19.10.2026 08:56
-
Македонија 19.10.2026 08:45
Сончево со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.
Температурите ќе се движат во интервал од 3 до 21 степен.
-
Македонија 19.10.2026 08:39
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 18.10.2026 22:18
СДСМ: Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се намалува, бројот на гласови за СДСМ расте
Според податоците што ги соопшти СДСМ, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2025 година освоил 3.388 гласови, додека на предвремените избори годинава кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радически, добил околу 2.944 гласови.
-
Македонија 18.10.2026 22:13
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница, СДСМ е декласиран во првиот круг
На прес-конференција, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови во првиот круг, оценувајќи дека граѓаните испратиле јасна политичка порака.
-
Македонија 18.10.2026 22:05
ДИК: Радически од ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница, Јахиј од НАИ втор по првиот круг
Според податоците објавени од ДИК заклучно со 21:27 часот, Радически, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 2.943 гласови, односно 38,90 проценти, додека Јахиј добил поддршка од 2.152 избирачи или 28,45 проценти.
-
Македонија 18.10.2026 20:03
Потребна е формална заштита на блатните системи во Охридскиот регион
Студенчишкото Блато сè уште чека законска заштита. Како природен филтер на Охридското Езеро, блатото го намалува загадувањето, го регулира водниот режим и е живеалиште на бројни растителни и животински видови.
-
Македонија 18.10.2026 20:01
Во Македонија 178 зони со потенцијален ризик од поплави
178 зони во Македонија се со потенцијален ризик од поплави. Ниту институциите, ниту граѓаните не воделе сметка дека поплавата е опасност и ризикот зависи од тоа што е изложено на опасност и колку е ранливо, велат експерти од оваа област.
-
Македонија 18.10.2026 17:32
ДИК: Излезеноста во Брвеница до 15 часот изнесува 31,17 проценти, гласале 5.064 избирачи
Според податоците на ДИК, гласањето се спроведува на сите 24 избирачки места во општината.
Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до 15 часот своето избирачко право го искористиле 4.932 граѓани, излезеноста е зголемена за 0,62 процентни поени.
-
Македонија 18.10.2026 17:12
Дефиле во Битола: „Инклузијата не е опција, туку право“
Со порака дека игнорирањето не е опција, а инклузијата не е привилегија, денеска на Широк Сокак во Битола, по 20-ти пат, се одржа дефиле под мотото „Игнорирање и инклузија“, во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Битола“.










