Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 21 степени.










