Синоќа околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје.
-
Македонија 01.09.2025 15:10
-
Македонија 01.09.2025 13:50
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година
Македонија е на 51-во место на најновото рангирање на Глобалниот индекс за мир 2025-та, што е пад за четири позиции во однос на лани во услови на влошена глобална безбедносна состојба.
Најмирни држави во светот се Исланд, Ирска и Нов Зеланд. Најнемирни се Украина и Русија.
-
Македонија 01.09.2025 13:44
Почна судењето за екс-директорот на Геријатрија
Во скопскиот Кривичен суд почна судењето против поранешниот директор на Геријатриската болница Мухсин Арифи и неговиот соработник, обвинети за примање поткуп. Парите што ги побарале требало да обезбедат место во установата за сместување на пациентка која била во тешка здравствена состојба.
-
Македонија 01.09.2025 13:37
Филипче: Резолуција за црвените линии
„Власта има лоши економски политики, не води грижа за работниците во кој било сектор и нема најава за зголемување на платите“ вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во однос на надворешната политика, владата бега од уставни измени и ја кочи земјава на патот до Европската унија.
-
Македонија 01.09.2025 13:37
Локални избори: Листи за градоначалници и советници
На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија, потписи за градоначалници се собирале во 16 општини за вкупно 22 кандидати. Како се распоредени?
-
Македонија 01.09.2025 13:30
Пад во бројот на запишани првачиња во Куманово
Падот на наталитетот и иселувањето во последните години стопиле близу 30 илјади првачиња. Втора година по ред, во Куманово запишани под илјада деца. Локалните власти велат дека неопходно е итно носење стратегија за надминување на овој проблем.
-
Македонија 01.09.2025 13:23
Учебници за сите, вештачка интелигенција во наставата – почна новата учебна година
1-ви септември. Училиштата се наполнија. Некаде со повеќе, некаде со помалку ученици. Надлежните велат дека после неколку години, учениците на првиот ден ги имаат сите книги пред себе.
-
Македонија 01.09.2025 12:59
Еднакви услови за настава за сите ученици
Деветте ученици од 6-то до 9-то одделение во прилепскиот Центар за поддршка на учењето ја почнаа учебната година. Сакаат да учат и да се дружат.
И мајката на седмоодделенецот Андреј смета дека доволно се работи за развојот на нејзиното дете со попреченост.
-
Македонија 01.09.2025 12:04
Филипче: Образованието е најважната инвестиција, секое дете заслужува еднаква шанса за квалитетно образование
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод 1-ви септември, почетокот на новата учебна година, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа на настан во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје.
-
Македонија 01.09.2025 11:38
Мицкоски: Новата учебна година започнува со учебници и нови содржини за учениците
Премиерот Христијан Мицкоски денеска им посака среќен почеток на новата учебна година на учениците и наставниците, истакнувајќи дека за првпат по седум години сите ученици ќе ги имаат потребните учебници на првиот училишен ден.










