Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос денеска во Атина ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Крстијан Вигенин, јави дописникот на МИА од Грција.
Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ и во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ денеска ќе биде одржан „Ден за високи гости“.
Во село Кадино во Општина Илинден денеска свечено ќе биде отворена фабрика за производство на работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“ на холандската фирма Van Puijenbroek Textiel.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска ќе ги посети општините Лозово и Штип.
Во рамките на посетата на општина Лозово, Јанакиески ќе присуствува на пуштањето во употреба на патот што ги поврзува магистралниот пат М - 5 со селото Каратманово.
Министерството за економија денеска ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис планови во рамки на проектот „Организирање натпревар за започнување бизнис“, чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отворање сопствен бизн
Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла по котлините, а попладне и кон крајот на денот ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, посебно во северниот дел на земјата.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски на покана од министерот за земјоделство на Руската Федерација, Николај Василевич Фјодоров, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Москва.