Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 14 до 20 степени.
Претставници на над 180 македонски и странски компании од сите сектори се пријавени да присуствуваат на Вториот Глобален инвестициски самит што ќе се одржи во Охрид од 8 до 10 октомври. Рокот за пријавувањето за учество на Самитот завршува денеска.