Со култната претстава „Буре барут“ од Дејан Дуковски ќе се прослават 7 децении Драмски театар. Директорот Вељановски во јубилејната година најави шест премиери, меѓу кои „Сирано де Бержерак“ во режија на Дејан Пројковски и „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир, а во режија на Наташа Поплавска.
-
Култура 29.02.2016 14:32
-
Култура 27.02.2016 11:19
Балетот „Жизел“ во МОБ
Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“.
Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.
-
Култура 25.02.2016 10:47
Промоција на документарен филм за Радован Павлоски во продукција на МРТ
На 26-ти февруари во Друштвото на писателите на Македонија со почеток во 12 часот ќе биде промовиран документарниот филм посветен на поетот Радован Павловски, со наслов „Од река до вечноста“.
-
Култура 23.02.2016 14:43
МОБ: Зголемена продукцијата на претстави, најавени нови проекти
30 оперски, балетски и претстави за деца се изведени за неполни два месеца во Македонската опера и балет. Директорот Игор Дурловски вели дека има многубројна публика и е зголемен приходот од продажбата на билети.
-
Култура 22.02.2016 11:50
„Риголето“ во среда на сцената на МОБ
После одличната претстава на почетокот од овој месе, по барање на публиката, во среда на 24-ти февруари со почеток од 20 часот, на сцената на МОБ, повторно ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди.
-
Култура 19.02.2016 14:52
Со низа проекти Кинотеката на Македонија ќе одбележи 40 години постоење
Ќе се реконструираaт покривот на Кинотеката и музејската постанoвка наменета за „Вардар филм“ и за светската кинематографија. Промоцијата е на 27-ми октомври, на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство.
-
Култура 19.02.2016 11:23
Изложба на графики од Пикасо во галеријата на МКЦ
Во галеријата на Младинскиот културен центар од денеска до 16-ти март ќе биде поставена ексклузивна изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо.
Ќе бидат претставени 46 графички дела - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, од периодот 1932 - 1969 година.
-
Култура 19.02.2016 08:39
Романтично-фантастичниот балет „Жизел“ во МОБ
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“. Кореограф е Леонид Лавровски од Русија, а Оркестарот на МОБ ќе го води Бисера Чадловска.
-
Култура 18.02.2016 15:33
Универзалната сала ќе се реконструира
Нема да се гради нова Универзална сала, која според првичниот проект требаше да биде во облик на јајце. Причина е високата цена од околу 60 милиони евра кои ги побарала проектантската куќа. Сега е во план да се направи реконструкција и надградба на веќе постојниот објект.
-
Култура 18.02.2016 10:49
Концерт на Исмаил Лумановски со Македонската филхармонија
Македонскиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски, кој живее и работи во Центарот за култура во Њујорк, вечерва во Домот на АРМ во Скопје ќе одржи концерт заедно со Македонската филхармонија.










