„Танец“ промовираше уште две нови аудио изданија од едицијата „Незаборав“
Ансамблот „Танец“ промовираше уште две нови аудио изданија од едицијата „Незаборав“. Досега вкупно се издадени 114 композиции од кои 85 се вокални изведби, а 29 се инструментални композиции. Според министерката за култура, преку проектот се демонстрира грижата за фолклорното богатсво.

Промовирани две нови аудио изданија од едицијата „Незаборав“, кои се надоврзуваат на претходните 4 аудио записи во кои се содржани по 19 композиции македонски изворни песни. Целта на повеќегодишниот прокет е сочувување и успешно претставување пред јавноста непроценливото богатсво на националниот анамбл за игри и песни, рече директорот на „Танец“.
Ова е проект кој ја демонстрира нашата грижа за македонското музичко налседство, за нашето фолклорно богатсво кое е длабоко го одразува идентитет и историјата на македонскиот народ, рече министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.
На сите досегашни аудио носачи, вкупно се издадени 114 композиции од кои 85 се вокални изведби, а 29 се инструментални композиции, снимени на лонг плеј плочи во 50-тие и 60-те години на минатиот век. Зедно со шестте изданија од едицијата „Незаборав“ се одраз на музикалноста на македонскиот народ.
Наташа Јанчиќ
