Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворск
-
Македонија 16.04.2025 12:36
-
Македонија 16.04.2025 11:36
Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро
На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.
-
Македонија 16.04.2025 11:18
Муцунски на средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати остварил средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
-
Македонија 16.04.2025 10:58
Одложено е денешното рочиште за убиството на Вања и Панче
Откажано е денешното рочиште на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски.
-
Македонија 16.04.2025 10:18
Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп
Синоќа околу 19.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 16.04.2025 10:05
На локалните избори Алијанса за Албанците оди со свои листи за советници
Алијанса за Албанците на Таравари, на локалните избори во октомври ќе оди со свои советнички листи. Таравари потврди дека остануваат во коалицијата „Вреди“ и дека самостојниот настап на локалните избори не е причина ниту да ја напуштат Владата.
-
Македонија 16.04.2025 09:58
Посебен сообраќаен режим вечерва во Скопје поради фудбалскиот натпревар Вардар – Црвена Звезда
Поради одржување на меѓународниот пријателски хуманитарен фудбалски натпревар Вардар – Црвена Звезда вечерва од 20 часот во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
-
Македонија 16.04.2025 09:37
Кос: Никој не може да гарантира дека нема да има блокади по прифаќање на уставни измени
Никој не може да и даде гаранции на Македонија дека ако го смени Уставот, повеќе нема да има пречки на европскиот пат – ова го изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос во интервју за европската новинска редакција.
-
Македонија 16.04.2025 08:50
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 16.04.2025 08:42
Eден месец од трагедијата во Кочани, уапсени уште 7 полициски службеници
Eден месец од трагедијата во Кочани. Во предистражната постапка за пожарот во „Пулс“, уапсени уште 7 полициски службеници. МВР им поднесе кривични пријави. Во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.










