Тројца загинати во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје
Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска околу 16 часот попладне се случила на автопатот Тетово-Скопје кај клучката „Север“. Сообраќајката се случила при судир на автомобил марка „опел астра“ со тетовски регистрации и автобус „Ман“ со скопски регистарски таблички...

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска околу 16 часот попладне се случила на автопатот Тетово-Скопје кај клучката „Север“. Сообраќајката се случила при судир на автомобил марка „опел астра“ со тетовски регистрации и автобус „Ман“ со скопски регистарски таблички.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на локација на автопатот кон Скопје каде попладнево се случи тешката сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а едно дете е повредено.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при контакт меѓу автомобил и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата сега починати и повреденото дете излетал од патот.
„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот наредено е испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Возилата се одземени за технички преглед на нивната исправност во моментот на сударот“, информираат од ОЈО Тетово.
На местото на несреќата бил повикан и вештак од областа на сообраќајот, а дополнително ќе биде изготвено и комплетно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на трагите, фотодокументацијата и другите докази.
