Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Париз, со средба со министерот делегиран за Европа во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Бенжамен Хадад, ја започна својата работна посета на Француската Република.
-
Македонија 07.07.2025 11:46
-
Македонија 07.07.2025 11:45
Лишени од слобода криминалци барани со потерници за затворски казни
На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик.
-
Македонија 07.07.2025 11:14
За седум дена санкционирани 82 непрописно паркирани возила во Општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 29.06. до 06.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 82 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-
Македонија 07.07.2025 11:03
1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
Во деновите од изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќа
-
Македонија 07.07.2025 10:50
Лишени од слобода лица во Неготино и Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол
На 06.07.2025 во 21.40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.М.(65) од Кавадарци.
-
Македонија 07.07.2025 09:37
Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце
Денеска (07.07.2025) од 05.00 часот полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени „Бел 412“ и „Агуста бел 212“ се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.
-
Македонија 07.07.2025 09:08
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 07.07.2025 09:02
Муртезани во работна на посета на Париз
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на 7 и 8 јули 2025 година ќе оствари работна посета на Париз, во рамки на интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Северна Македонија.
-
Македонија 07.07.2025 09:01
Муцунски во работна посета на Хаг
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Хаг, каде ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп.
-
Македонија 07.07.2025 08:57
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае десет дена. Поднесени се над 200 амандмани.










