МВР
Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце
07.07.2025 09:37
Oд 05.00 часот полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени ...

Денеска (07.07.2025) од 05.00 часот полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени „Бел 412“ и „Агуста бел 212“ се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.
До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и сè уште активно оперираат.
