Повредените од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош, засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.
-
Македонија 16.03.2025 10:53
-
Македонија 16.03.2025 10:22
Претседателката Сиљановска-Давкова ги посети повредените
Претседателката Гордана Сињановска-Давкова ги посети повредените во општата болница „Св. Наум Охридски“.
Известува Фиљана Кока.
-
Македонија 16.03.2025 09:56
Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија
Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани.
-
Македонија 16.03.2025 09:51
Таравари: 118 лица повредени во пожарот во Кочани
Министерот за здравство Таравари по состанокот на кризниот штаб изјави дека вкупно 118 лица се повредени во трагедијата во Кочани. Нагласи дека нема пациент што не е згрижен и дека сите здравствни капацитети низ државата се ставени во функција.
-
Македонија 16.03.2025 09:36
Тошковски: 51 загинат, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Искри од пиротехнички средства го зафатиле таванот кој лесно бил запалив и најверојатно го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани. Во пожарот кој брзо се проширил животот го загубиле 51 лице, а над 100 се повредени и се префрлени на клиниките во Штип и Скопје.
-
Македонија 16.03.2025 09:33
Трагедија во Кочани, МВР активно работи на утврдување на причините
Министерството за внатрешни работи активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица. Јавните обвинители вршат увид на место на настанот.
Од Кочани известува Анита Димитријевска-Велковска.
-
Македонија 16.03.2025 08:51
АВМУ: Медиумите да бидат внимателни во известувањето за трагедијата во Кочани
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се п
-
Македонија 16.03.2025 08:51
Голем број од повредените хоспитализирани во градската болница „8 Септември“
Се запали дискотека за време на концерт во Кочани, има жртви и повредени. Голем број од повредените се хоспитализирани во градската болница „8 Септември“.
Известува Сунчица Николоска.
-
Македонија 16.03.2025 08:47
МВР ги приведува сите поврзани со организацијата на настанот во Кочани
Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска настанал голем пожар и има жртви.
-
Македонија 16.03.2025 08:44
Употребата на пиротехнички средства, најверојатна причина за пожарот во дискотеката во Кочани
Најмалку 50 лица се загинати, а стотици се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.










