Влада

За три дена,109 повици на директната линија за повредените во пожарот

12.06.2025 13:30

За само три дена 109 лица ја искористиле можноста да се информираат за нивните потреби, за побрзо лекување...

Телефонската линија која ја отвори Владата е од голема помош за повредените во дискотеката „Пулс“ и нивните семејства, а тоа го покажуваат податоците дека за само три дена 109 лица ја искористиле можноста да се информираат за нивните потреби, за побрзо лекување. Во Владата токму на оваа тема се одржува и прес-конференција.

Известува Андријана Ѓурческа.