Раст на бројот на заболени од грип и респираторни заболувања, евидентира кумановскиот Центар за јавно здравје. Пикот се очекува да биде во февруари, бидејќи веќе започна и второто полугодие. Засега има пријавено над 180 заболени лица. Најголем дел од нив се на возраст од 15 до 64 години.
-
Македонија 26.01.2025 14:04
-
Македонија 26.01.2025 13:43
Одложени и пренасочени летови
Поради густата магла голем број патници на скопскиот аеродром се соочија со проблеми, одложени летови или полетување кон одредени дестинации во текот на изминатото деноноќие. Дел од воздухопловите кои требаше да слетаат во македонската метропола беа пренасочени на други аеродроми.
-
Македонија 26.01.2025 13:36
Граѓаните се соочуваат со постпразнична депресија
Јануари месец на празници, дружења, прослави кои го исполнуваат нашето секојдневие.
-
Македонија 26.01.2025 13:21
Недостиг од општински инспектори од секаков вид
Малите и руралните општини се соочуваат со недостиг на општински инспектори од секаков вид. Најизразен е недостигот од градежни инспектори.
Општините објавуваат огласи, но велат никој не се јавува
-
Македонија 26.01.2025 12:57
Потребен е социјален работник во сите институции
Социјален работник е неопходен во образовните, во здравствените, во градинките, сите јавни институции и работни средини, го нагласуваат ставот од прилепскиот Центар за социјални работи. Улогата на социјалниот работник во нашето општество е потценета што доведува до несакани последици.
-
Македонија 26.01.2025 12:44
Поддршка на талентираните ученици за развој на државата
За талентираните ученици од техничките струки не треба да има никакви ограничувања кога станува збор за унапредувањето на нивните знаења. Вложувањето во нив, особено од висококвалификуван наставен кадар и техничката поддршка секогаш даваат резултати.
-
Македонија 26.01.2025 12:28
Недостига кадар во Специјалната болница за нефрологија во Струга
Во Специјалната болница за нефрологија Струга недостигаат околу 25 лекари, медицински сестри, болничари и хигиеничари. Недостиг има и од готвачи, административни работници и шофери. Итно се потребни општи лекари, уролози и анестезиолози.
-
Македонија 26.01.2025 12:15
Приведен крадец во Скопско, следува соодветна пријава
На 24.01.2025 во 22.15 часот во с. Миладиновци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од с. Трубарево, скопско.
-
Македонија 26.01.2025 11:11
АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри
По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинките и училиштата, во новата година,
-
Македонија 26.01.2025 10:06
Магла, одрони, затворени патни правци – важни информации од АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 – 100 м. има во Д. Капија и Петровец – Велес.










